Сензација во Брест, Мешков подобар од моќниот Кил

Мешков Брест го направи изненадувањето на колото и на домашен терен славеше (33-30) над германскиот бундеслигаш Кил кој е лидер во групата во која е и Вардар.

Белорусите неочекувано цел натпревар ги мачеа „зебрите“, а Кил никако не можеше да дојде до ситуација да направи солидна разлика и да го преземе темпото на игра. Дуелот претежно беше во егал, а главната разлика се направи во вториот дел, кога од 22-22, домашните заминаа на 30-24.

Незаменлив кај домаќините беше Валјупов со 11 гола, а Паниќ постигна шест, додека кај Кил, Нилсон заврши со осум, а Рајнкајнд, Ландин и Вајнхолд имаа по четири погодока.

Сепак, оваа победа не значи многу за Мешков Брест, затоа што тимот нема шанси да се пласира во наредната фаза од Лигата на шампионите. 

Во вториот натпревар ППД Загреб на домашен терен го совлада Алборг (31-30).

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4