СЕНЗАЦИЈА: Порто го фрли на колена фаворитот Кил

Екипата на Порто направи сензација во ракометната Лига на шампиони и како гостин, среде Германија славеше над бундеслигашот Кил (27-28) кој воедно е и лидер во групата во која игра Вардар.

Португалците пристигнаа кај „зебрите“ како тотални аутсајдери, меѓутоа следеше вистинско шоу и погодоци кога беше најпотребно. Дуелот беше крајно изедначен, а се реши во последниот напад.

Првата посериозна разлика ја направи Кил, кој поведе со 20-16 во средината на вториот дел, но Порто брзо се врати, со напад „седум на шест“ изедначи на 20-20 и оттогаш се играше драматично. Средбата ја реши Силва Соуза Мартинс, со гол во последниот напад.

Најдобар кај победникот беше Итуриза со шест гола, а Салина Амадор даде пет, додека Фернандез заврши со четири, а кај Кил, Екберг беше прво име со седум гола.

Кил е лидер во групата со 11 бода, пред Монпелје и Вардар со по девет, додека Порто има осум бода, исто колку Киелце и Веспрем, што значи дека групата ќе биде супер-интересна до крајот.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 7 5 1 1 219:189 30 11
2 МонпелјеМонпелје 2 7 4 1 2 189:184 5 9
3 ВардарВардар 1 7 4 1 2 210:217 -7 9
4 ВеспремВеспрем 1 7 4 0 3 236:210 26 8
5 КиелцеКиелце 2 7 3 2 2 213:206 7 8
6 ПортоПорто 7 3 2 2 201:210 -9 8
7 Мешков БрестМешков Брест 7 1 0 6 194:220 -26 2
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 7 0 1 6 202:228 -26 1