СЕНЗАЦИЈА: Јапонките ја изненадија непрепознатливата Црна Гора

Домашната репрезентација во ракомет во женска конкуренција го приреди првото големо изненадување на турнирот. Јапонија ја победи Црна Гора со 29-26 (14-13) и го искомпликува патот на девојките на Бојана Поповиќ на патот кон четвртфиналето. Црногорките не личеа на себе, посебно не на селекцијата која ја надигра Ангола на стартот и не се снајдоа со брзината на противникот. 

Ајака Икехара и Нозоми Хара постигнаа по шест гола во победничкиот табор, а Татјана Брновиќ исто така со шест гола се истакна во поразената црногорска селекција.

Бразил ја надигра Унгарија со 33-27, а играч на натпреварот беше Родригез Бело со неверојатни дванаесет погодоци. Непропознатливо лошо издание запиша руската селекција, која убедливо беше надиграна од Шведска со 36-24(15-9). Стромберг со девет и Робертс со осум гола беа „архитекти“ на скандинавскиот триумф.

Во остатокот на денот се играат уште три натпревари, а дербито е од 14:30 часот се среќаваат Франција и Шпанија.