СЕНЗАЦИЈА: Ѕвездениот ЦСМ Букурешт загуби во романскиот шампионат!

Ракометарките на ЦСМ Букурешт изненадувачки загубија натпревар во романскиот шампионат. Избраничките на Хеле Томсен не беа препознатливи и мораа да го положат оружјето пред Мунисипал Крајова и беа поразени со 23-21 (11-12).

На полувремето гостинките имаа водство со еден гол, а водеа и со четири разлика во неколку наврати. Во вториот дел стигнаа до плус 13-16, па Крајова израмни на 16-16, а се играше и гол за гол до 19-19.

Домаќинките со серија од три гола преку Прикопи, Николиќ и Кликовац стигнаа до 22-19 и тоа беше клучниот момент. Неагу во финишот намали на 22-21, но буквално во последната секунда Крајова преку Кликовац ја обезбеди победата со 23-21.

За гостинките играа сите ѕвезди почнувајќи од Неагу, Фрафјорд, Гулден, Ниомбла, Хагман и останатите...По пет дадоа Неагу и Хагман, додека кај домашните се истакна искусната Ардеан Елисеи со шест погодоци. 

Овој пораз е сериозно предупредување за Хеле Томсен и нејзините ракометарки пред четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите.