Селекторот Симовски го објави поширокиот список за У19 Европското првенство во Црна Гора

Селекторот на женската У19 селекција, Симе Симовски, го објави поширокиот список на ракометарки за претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Црна Гора

Нашите девојки до 19-годишна возраст ќе се натпреваруваат во групата А, каде ќе се соочат со соодветните селекции на Унгарија, Полска и Чешка

Најпрво отовораме против Унгарките на деветти јули во 19:30 часот, ден подоцна се среќаваме со Полска во 14:30 часот, а последниот меч од групната фаза ќе го одиграме против Чешка на 12 јули во 19:30 часот.