Селекторот на Литванија: Реалистично е повторно да ги победиме Македонците!

Селекцијата на Литванија доаѓа во Скопје за последниот квалификациски натпревар за Европското првенство со цел да ѝ откине барем бод на Македонија. По поразот на нашите ракометари на гости, сега Литванците имаат мотивација и самодоверба за овој меч. Токму тоа го покажа селекторот Гинтарас Савукинас со последната изјава.

„Ќе биде многу тешко во Македонија, а нам тоа ни совршено е јасно. Моите ракометари се одлучни во намерата да се освои барем тој еден потребен бод. Словенија веќе е архивирана и сè е насочено кон последниот предизвик. 

Потребен ни е позитивен резултат во Скопје, барем еден бод. Мислам дека е реалистично повторно да ги победиме Македонците, исто како што беше реално да ги победиме дома. Сепак, едно е да се игра дома, а друго на гости. Знаеме каква поддршка има ракометот во Македонија“, изјави селекторот Савукинас.

Натпреварот меѓу Македонија и Литванија ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ в недела во терминот до 18:00 часот.