Селекторот на Германија ги дочека своите „пет минути“ и жестоко удри по критичарите!

Ракометната селекција на Германија имаше забележителен настап на на Европското првенство, освојувајќи го сребрениот медал, но селекторот Алфред Гисласон ја искористи можноста остро да се соочи со своите критичари. По турнирот, исландскиот стручњак не штедеше зборови на сметка на поранешните репрезентативци кои коментираа за неговата и работата на тимот, пишуваат германските медиуми.

Запрашан за острите критики за време на турнирот, кои дојдоа и од поранешните репрезентативци Стефан Кречмар, Мими Краус и Паскал Хенс, Гисласон за „Билд“ изјави:

 „Сите знаеме дека тие всушност немаат многу поим“.

Тој додаде дека критичарите се желни да нападнат. 

„Штом германскиот тим игра малку полошо, секој од овие самопромотори е подготвен да плука по нас. Никој од нив никогаш не бил тренер. Го разбирам нивното тактичко разбирање. И никој од нив дури и не играл одбрана...“, заклучи Гисласон.

Кречмар, Краус и Хенс беа особено остри кон 66-годишниот тренер по изненадувачкиот пораз од Србија во групната фаза.