Селекторот Грчевски го скрати списокот, познати македонските адути за Дебрецин

Селекторот на женската ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски, го објави списокот на повикани ракометарки за подготовките и настапот на претстојното женско сениорско Европско првенство кое ќе се одржи во Австрија, Швајцарија и Унгарија

Нашите девојки ќе играат во групата А заедно со селекциите на Унгарија, Шведска и Турција, а мечевите ќе се одиграат во унгарскиот град Дебрецен. 

На списокот има вкупно 21 ракометарка и нема поголеми промени во однос на составот што настапуваше и на изминатите натпревари. Пошироката листа составуваше вкупно 35 ракометарки. 

Македонија најпрво игра со Шведска на 28 ноември, два дена подоцна се среќаваме со Турција, а последниот меч од групната фаза против Унгарија ќе се одигра на 2 декември во 18:00 часот. Останатите два меча се во терминот од 20:30 часот.