Селекторот Грчевски го објави поширокиот список за евро-квалификациите

Селекторот на женската репрезентација, Кристијан Грчевски, го објави поширокиот список на ракометарки кои ќе бидат на располагање за квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. 

Следниот континентален собир ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија, а нашите ракометарки се наоѓаат во петтата квалификациска група, заедно со Шпанија, Азербејџан и Литванија. 

  • Поширокиот список на ракометарки за квалификацискиот циклус за Европското првенство 2024 година: 

Првиот дуел македонските репрезентативки ќе го одиграат против Азербејџан во Скопје (11 октомври), а потоа ќе отпатуваат на гостување во Литванија (15 октомври).