Секоја трета мундијалска селекција ја води шпански стручњак!

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Како и Европското првенство во Хрватска минатата година, и Светското првенство во Германија и Данска ќе мине во знакот на шпанските тренери.

Македонија е само од селекциите која се потпира на шпанскиот систем на игра и тактиката на Раул и Парондо.

Полска и натаму ја води Талант Душебаев, како европски првак доаѓа Жорди Рибера и Шпанија, а ветеранот Маноло Каденас седи на аргентинската клупа.

Од овој шампионат, селектор на Тунис е Тони Героа, a Чиле го предводи леворакиот „бомбардер“ Матео Гаралда.

Човекот кој го издигна ракометот во Катар е легендата на Барса, „Валеро Ривеа“, а поранешната „десна рака“ на Раул, Давид Дејвис го води Египет и со него се заокружува листата на стручњаци од Пиринеите.