Секоја чест за Мешков: Го сподели проектилот на Вујин и му честита на Вардар! (ВИДЕО)

Екипата на Мешков Брест со победа ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите, откако на свој терен во крајно неизвесен натпревар успеа да го совлада сè уште актуелниот бранител на титулата Вардар. 

Белорускиот првак важи за еден од најдобрите и најорганизираните клубови во регионот, а синоќа уште еднаш го докажа тоа. И покрај извојуванта победа и блесокот на неколку поединци во својот тим, на социјалните мрежи го сподели потегот на натпреварот, односно проектилот на Марко Вујин. Притоа напиша: „Силен противник, се гледаме во Скопје“.

  • Објавата на Мешков на социјалните мрежи: 

На крај Мешков славеше со минимални 24-22, иако вардарци пред почетокот на самиот финиш имаше позитива од еден гол.