Секогаш задолжени за атмосферата: Лазаревски и Богдановски на свој начин го прославија трофејот (ФОТО)

Вардар 1961 го победи Охрид со 23-24 и го одбрани трофејот во Купот на Македонија. Скопскиот тим освои прв пехар во новата сезона, а во игра е за уште два. По финалето одиграно во спортската сала „Парк“ во Струмица следуваше вардарово славје кое пак од трибина го поведе Милан Лазаревски.

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: „Мечка“ пак со „Комити“ на трибина ја водеше прославата на вардарци во Струмица!

Продолжија „црвено-црните“ со славењето и по заминувањето од салата, а освен Мечка еден од задолжените за добра атмосфера е голманот Марко Богдановски. Двајцата објавија фотографија од автобусот која стана хит. 

Лазаревски и Богдановски се без маици, со медалите и пехарите во рака, а двајцата имаат уникатни очила.