СЕХА: Веспрем и Мешков ја скокаат групната фаза, ќе се приклучат напролет

Челниците на регионалната СЕХА лига имаат сериозни проблеми за организација на новата сезона и неколку пати го одложуваат стартот на натпреварувањето. Сепак, СЕХА нема намера да се откаже од десетте екипи кои се најавени за сезоната 2020/21. Веспрем и Мешков Брест нема да играат во групната фаза, но ќе се приклучат во елиминационата. Така натпреварувањето би го задржала нивото и квалитетот од претходните сезони. 

ЦСКА Москва и Пекинг Универзитет нема да играат, а наместо по пет, двете групи ќе бројат по четири екипи. Веспрем и Мешков Брест имаат проблеми со ограничувањата во своите земји и патувањата во нив. Затоа, напролет, кога ќе се создадат адекватни услови за нормални патувања, ќе се приклучат во регионалната лига. 

Словачкиот првак Татран Прешов поради големите рестрикции сега има најголеми проблеми за организација на своите натпревари и услови ривалите да пристигнат во Словачка

Македонија и оваа сезона во СЕХА лигата ќе ја претставуваат Вардар и Еурофарм Пелистер. Организаторот се очекува наскоро да објави по кој систем ќе се игра натпреварувањето, составот на групите и календарот на сезoната.