СЕХА потврди: Завршниот турнир во Задар на почетокот на септември

Челните лица на ракометната СЕХА лига го потврдија терминот на одигрување на завршниот турнир за оваа сезона. 

Шампионот на регионалното натпреварување ќе биде познат на почетокот на септември. Од трети до петти септември, екипите кои ќе се изборат за пласман во завршницата во Задар ќе се борат трофејот од јубилејното десетто издание на СЕХА лигата. 

Во елиминационата фаза Македонија има два претставника. Најтрофејниот Вардар за противник во четвртфиналето го има тимот на ППД Загреб, додека Еурофарм Пелистер место во плеј-офот ќе брка против Мешков Брест.

  • Четвртфинални парови и термини: 

Еурофарм Пелистер - Мешков Брест (21 август, 29 август)
Татран Прешов - Мотор Запорожје (24 август, 29 август)
Нексе - Веспрем (24 август, 30 август)
Вардар - ППД Загреб (26 август, 31 август)

Бранител на титулата е Веспрем, кој лани исто така во Задар во септември беше поуспешен од Вардар со 35-27.