СЕХА одлучи: Осминафиналето во мај, Ф4 турнирот во Задар во септември

Раководството на СЕХА лигата ги извести сите клубови учесници дека осминафиналните натпревари ќе треба да се одиграат во мај, како што беше и првично планирано.

Двојките за осминафиналето ќе бидат познати откако ќе бидат одиграни одложените натпревари кои исто така закажат во мај, согласно епидемиолошките мерки во сите земји од каде доаѓаат екипите.

Со оглед на епидемиолошката ситуација и најавите за вакцинација на спортистите и учесниците во лигата, и поради недостаток на датуми во календарот за оваа сезона, решено е четвртфиналните натпревари од СЕХА лигата да е играат во август.

Почетокот на натпреварите би бил 15 август, а точните датуми ќе бидат познати по консултациите со екипите.

Извршниот комитет на СЕХА лигата реши следниот завршен турнир да се одржи во хрватскиот град Задар, од 3 до 5 септември 2021 година.