СЕХА лигата се прошири и во Русија, Спартак Москва е замената за Татабања

Откако утринава соопштија дека Татабања нема да биде дел од овосезонската СЕХА лига, челните лица на регионалното натпреварување експресно ја претставија замената за унгарскиот тим. 

Од оваа сезона СЕХА друштвото ќе се прошири со уште една држава, а таа ќе биде Русија, откако беше донесена одлука тимот на Спартак Москва да го пополни испразнетото место. 

Веќе е познато дека од оваа сезона СЕХА лигата ќе се игра по нов формат, односно ќе има две групи со по шест екипи. Бидејќи ждрепката е веќе извршена, Спартак Москва автоматски влегува во групата А, каде се натпреваруваат нашиот шампион Вардар, Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Нексе. 

Дел од втората група ќе бидат Еурофарм Работник, ППД Загреб, Металопластика, Веспрем, Мешков Брест и кинески Пекинг Спорт.