СЕХА-лигашите се враќаат од стартот на Суперлигата – РФМ пред одлука

Ракометната федерација на Македонија за утре напладне закажа седница на Управниот одбор, на која треба да донесе важни одлуки за иднината на македонската Суперлига. Натпреварувачкиот систем во тековната сезона веројатно ќе биде последен кој ќе се игра по овој терк, бидејќи од сезоната 2020/21 предвидени се промени.

Се предлага македонските претставници во СЕХА лигата да се вратат да се натпреваруваат во домашна конкуренција уште од почетокот на регуларниот дел на Суперлигата. Со тоа ќе буде уште погуст распоредот на двете екипи кои ќе ја претставуваат нашата земја во регионалната лига (годинава тоа се Вардар и Еурофарм Работник). Моментално, двата македонски претставника во СЕХА го прескокнуваат есенскиот регуларен дел од Суперлигата и се приклучуваат во домашното натпреварување директно во плеј-офот, т.е. дури напролет.

Се очекува конструктивна дискусија и можност да се слушнат различни мислења на оваа тема.

Дополнително, селекторите на сите машки и женски селекции ќе ги поднесат своите извештаи, а отчет ќе поднесе и селекторот на репрезентациите во ракомет на плажа.