ВИДЕО: СЕХА го поздрави враќањето на Мандалиниќ во регионалната лига

Еден од најголемите хрватски таленти во последната деценија, Стипе Мандалиниќ по две сезони се враќа во СЕХА лигата. Ако до 2018 година се бореше за титулата со ППД Загреб, сега ќе биде дел од еден нов проект и ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.

Медиа тимот на СЕХА лигата со негови голови во дресот на ППД Загреб му посака добредојде на Мандалиниќ во Македонија. Најголемиот успех во натпреварувањето за Мандалиниќ беше финалето во Белорусија во 2017 година.

  • Стипе Мандалиниќ во СЕХА лигата: 

Мандалиниќ е член на хрватската ракометна репрезентација, а досега во кариерата освои европско злато со кадетската селекција во Црна Гора во 2010 година, јуниорско сребро во Турција, како и бронзен медал со сениорската репрезентација на СП во Шпанија во 2013 година.