ВИДЕО: СЕХА го поздрави враќањето на Филип Талески во лигата

Левиот бек на репрезентацијата на Македонија, Филип Талески во идната сезона ќе ги брани боите на европскиот првак Вардар со кого потпиша едногодишен договор. Крушевчанецот по три сезони во Бундеслигата одново ќе заигра во домашниот, но и регионалниот шампионат овојпат како вардарец. 

СЕХА лигата на социјалните мрежи го поздрави враќањето на Талески во натпреварувањето, каде настапуваше како играч на Металург, со видео од негови атрактивни погодоци. 

  • Видеото кое СЕХА го објави како добредојде за Талески: 

Талески како играч на Металург го привлече вниманието на себе со настапите во СЕХА и Лигата на шампионите, по што доби повик од Рајн Некар Левен. Во потрага по минутажа тој замина во Балинген, но ниту таму не се изнаигра. Сега по враќањето на Михајло Михајловски на позицијата прв човек на клубот, репрезентативецот реши уште еднаш да и даде шанса на Македонија и домашните екипи, а за него се интересираше и Еурофарм Пелистер.