СЕХА ги одреди датумите: Еурофарм го отвора, Вардар го затвора четвртфиналето

СЕХА лигата и оваа сезона се одигра во изменет формат, поради корона-кризата, а завшницата е закажана за крајот на август. 

Сега, челниците на лигата ги потврдија и датумите на кои ќе се комплетираат четвртфиналните дуели, по што ќе се знаат учесниците на фајналфор турнирот. Во оваа фаза, Вардар ќе се пресмета со ППД Загреб, додека Еурофарм Пелистер ќе игра со Мешков Брест. Битолчани ќе играат на отворањето на четвртфиналето, додека скопјани ќе ја затворат оваа фаза.

  • Четвртфинални парови и термини: 

Еурофарм Пелистер - Мешков Брест (21 август, 29 август)
Татран Прешов - Мотор Запорожје (24 август, 29 август)
Нексе - Веспрем (24 август, 30 август)
Вардар - ППД Загреб (26 август, 31 август)

Двата македонски клубови првите натпревари од четвртфиналето ќе ги играат на домашен терен, додека реваншите ќе ги одиграат на гости.