ВИДЕО: Сегашни и екс-ѕвезди на Пелистер им го честитаат 35-от роденден на „Чкембари“

Денес, спортска Битола слави. Пред точно 35 години, група битолски спортски вљубеници се собраа на едно место и ја формираа навивачката група „Чкембари“ и оттогаш, до ден-денес важи за една од најдобрите во Македонија, но и во регионот.

Битолските навивачи денес симболично го прославија малиот јубилеј а честитки до нивниот роденден пристигнаа од многу страни. Капитените на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, Градимир Чаневски и Васко Димитровски им посакаа уште многу вакви јубилеји на своите навивачи, а успеси и многу заеднички трофеи им посака првата ѕвезда на битолскиот клуб, Стипе Мандалиниќ.

  • Честитката од Еурофарм Пелистер: 

На адресата на „Чкембарите“ пристигна честита и од поранешниот голем миленик на битолската публика, Душан Новокмет кој на социјалните мрежи напиша: „Најдобрата навивачка група на овие простори“.