Сега е дефинитивно крај: Ким Екдал ду Риц замина во пензија

Ким Екдал ду Риц, некогаш еден од најголемите таленти во шведскиот ракомет, деновиве го најави своето пензионирање од ракометот, иако има само 30 години.

Ова е второ заминување од ракометот, oткако за првпат пред три години најави збогување. Ким реши да се врати во ракометниот спорт поради неговиот настап на Олимписките игри во Токио, но откако истите беа одложени за следната година, Ким реши официјално да се збогува.

Швеѓанецот започна да игра ракомет во Луги, каде играше од 16-годишна возраст, па до 2011 година, кога се пресели во Нант. По една сезона во Франција, замина во Рајн-Некар Ловен, каде што остана до 2017 година, кога за првпат се збогува од ракометот.

„Свесен сум дека многу ќе ми недостасува ракомет“, рече Ду Риц.

Кога реши да се врати, го облече дресот на ПСЖ. За репрезентацијата на Шведска одигра 96 натпревари и постигна 274 погодоци, а најголем успех во националниот дрес му беше освојувањето на сребрениот олимписки медал во 2012 година во Лондон.

Ким најави дека ќе се пресели во Хонг Конг во септември, каде ќе учи кинески јазик.