• Саше Љолес
Само седум тренери во историјата на ракометната Лига на шампионите успеале да стигнат до повеќе од 100 победи, а на врвот на оваа престижна листа убедливо се наоѓа Талант Дујшебаев.
Легендарниот стратег има дури 218 победи во елитното европско натпреварување, водејќи ги Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Киелце. Зад него е Шпанецот Чави Пасквал со 191 триумф, остварен на клупите на Барселона, Динамо Букурешт и Веспрем.
Третото место му припаѓа на Алфред Ѓисласон со 147 победи, додека четврти е долгогодишниот тренер на Монпелје, Патрис Канaје, со 137. Меѓу најуспешните петмина е и Раул Гонзалес, кој запиша 128 победи како тренер на Вардар и Пари Сен Жермен.
На листата се наоѓа и Звонимир Сердарушиќ со 118 триумфи, водејќи ги Кил и ПСЖ. Седмото место му припаѓа на актуелниот тренер на Барселона, Карлос Ортега, кој има 110 победи со Веспрем и каталонскиот гигант.
Интересно е што тројца од овие седум тренери и понатаму се активни во Лигата на шампионите - Пасквал, Гонзалес и Ортега. Сите тројца се Шпанци, што дополнително го нагласува влијанието на шпанската тренерска школа во европскиот ракомет.
Тренери со најмногу победи во историјата на Лигата на шампионите:
Талант Душебаев – 218 победи
Чави Пасквал – 191
Алфред Ѓисласон – 147
Патрис Канaје – 137
Раул Гонзалес – 128
Звонимир Сердарушиќ – 118
Карлос Ортега – 110
Со оглед на тоа што дел од тренерите и понатаму се активни, оваа листа може да претрпи промени, но Душебаев засега има убедлива предност пред своите ривали.