• Мартин Танасковски

Македонскиот интернационалец Никола Костески имаше нов солиден натпревар за Линц на кој заврши меѓу најдобрите стрелци.
Линц на домашен терен освои важен бод против Вест Виен (29-29), а натпреварот беше комплетно изедначен. Костески заврши како втор стрелец на Линц со седум постигнати гола, пред Кислингер со осум.
Костески продолжува со солидните партии во Австрија. На минатата средба тој беше најдобар стрелец и МВП на натпреварот.
Линц се бори за опстанок во ХЛА лигата и по 14 одиграни кола се наоѓа на деветтото место.