Седмерците кобни за Еурофарм, француски Шартр го освои турнирот во Добој

Ракометарите на Еурофарм Работник пропуштија голема шанса да го освојат ТВ Турнирот на шампионите во Добој. Тие прокоцкаа победа во регуларниот тек и по седмерците загубија со 25-26. Одлучувачки беа одраните на Граховац и Соне Хансен при ударите на Кузманоски и Чурлевски. Градимир Чаневски го одбрани седмерецот на Фурлан. Натпреварот во регуларниот тек заврши 22-22 (11-10). 

Момците на Алушовски започнаа феноменално во одбрана, Чаневски одбрани неколку топки, вклучувајќи и седмерец на Троелсен и Еурофарм поведе со 4-1 во деветтата минута. Играта во двата правци на битолчани пленеше, погодуваа Вегар, Чурлевски, Граџан и во 18. минута предноста достигна највисоки +5. Но, и Французите имаа свои адути. Соне Хансен одбрани девет топки до одморот и ја стопи предноста на македонскиот вицешампион. Ракотеа и Вања Илиќ се погрижија за приклучок и 11-10 за „фармацевтите“ на полувреме.

Откако цели 13 минути постигнаа само еден гол, во финишот на првото и почетокот на второто полувреме, битолчани погодија за 12-12 преку Јотиќ од седмерец во 34. минута. Кога Восја Фурлан постигна гол од чекор, Шартр првпат поведе во 36. минута. 

Битолчани станаа нервозни, но ја подобрија играта во нападот. Французите максимално профитираа од исклучувањето на Маџовски и со два гола на Вања Илиќ првпат поведоа со +2 (15-17). Алушовски повика минута одмор, Митревски одбрани седмеред, па кога Шевелев  првпат се запиша меѓу стрелците со два гола, се врати егал биланс во финалето.

Французите стана груби, па страдаа Шевелев и Јотиќ. По грубиот прекршок врз Хрватот, директен црвен картон доби Ндаје. Кога Чурлевски од линијата за шест метри погоди за враќање на водството (21-20), Тони Герона повика тајм-аут. 

Вања Илиќ од контра напад ја врати француската предноста на 90 секунди до крајот (21-22). Кузманоски од седум метри израмни на 22-22 и Шартр го имаше последниот напад. Французите направија пробивање,но Граховац го одбрани ударот на Вегар и седмерци мораа да го решат победникот.

Во пенал-рулетот трагичари за битолсиот тим беа Кузманоски и Чурлевски кои не ги реализираа своите удари од седум метри, додека на голот Чаневски успеа да обрани само еден противнички удар. 

Најефикасни поединци во тимот на Еурофарм Работник беа Стјепановиќ со шест и Јотиќ со три гола, а кај Шартр се истакнаа Вања Илиќ со седум и Восја Фурлан со четири погодоци.