Себастијан Скубе уште три години верен на Силкеборг

Словенечкиот интернационалец Себастијан Скубе ќе го носи дресот на данскиот Силкеборг до 2021 година, откако го продолжи договорот на нови три сезони. 

Стариот договор му истекуваше ова лето, но со оглед на добрите настапи, 30-годишниот бек, доби доверба од управата на клубот. Скубе не е во плановите на словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ за Европското првенство во Хрватска.

Клубот на уште по една година ја продолжи верноста со Маркусен, Кнудсен и Нодесбо, кои се „кичмата“ на една од најдобрите дански екипи.