Се враќаат казнетите Стоилов и Манасков, тренира и Деревен

Ракометарите Стоилов и Македа одпоздравуваат по победа

За натпреварот со Кристијанштад, в сабота од 17.30 часот Вардар ќе биде посилен и за Стојанче Стоилов и Дејан Манасков кои се вратија на тренинзите, откако ја излежаа двонеделаната суспензија.

Двајцата ги пропуштија мечевите од СЕХА лига на гости кај Борац Бања Лука и Нексе од Нашице и мечот во Франкфурт со Рајн Некер Ловен во последното коло од Лигата на шампионите.

Игор Карачиќ кој имаше операција на хематом на тестисите има мали шанси да настапи, а Александар Деревен е веќе на тренинзи со екипата по тешката повреда, но и натаму многу далеку од настап.