Се разделија ЖРК Пелистер и Митревски, битолчанки ќе добијат нов тренер

Непосредно пред почетокот на подготовките за сезоната 2022/23, видно засилениот ЖРК Пелистер остана без тренер. Кире Митревски, кој ја водеше екипата минатата сезона и ги исполни целите со пласманот во разигрувањето, нема да ја продолжи својата мисија во овој клуб.

Имено, поранешниот бек на Пелистер ја почна својата тренерска кариера во ЖРК Пелистер, но не најде заеднички јазик со раководството на клубот и не е потпишан нов договот. Клубот наскоро ќе го одреди новиот предводник, а Митревски за брзо време ќе го обелодени новиот ангажман.

ЖРК Пелистер видно се засили ова лето, доведе неколку млади македонски ракометарки, а на првата прозивка ќе се појават и две странски ракометарки: Францинката Мари Франсуа и Србинката Јована Мисаиловиќ Хосни.