Се повторува историјата од Рио: Идентични ривали во финалињата на ракометните турнири

Ракомет ОИ

Победата на Русија во дуелот со Норвешка ги комплетира учесниците во финалните натпревари на ракометните турнири во женска и машка конкуренција во Токио.

Првпат во историјата се случува исти ривали да играат за златен медал на две последователни Олимписки Игри.

Пред пет години, Франција и Данска се надигруваа кај мажите, а Русија и Франција беа дел од женското финале.

Така ќе биде и оваа година. Данците и Русинките ќе имаат можност одново да се радуваат на златото, а задача на Франција во двата натпревари е да ја поправи грешката од претходниот турнир.