• Зоран Мишевски

На пријателскиот натпревар против Италија во пресрет на Мундијалот, швајцарскиот репрезентативец и член на Магдебург, Мануел Зендер заработи тешка повреда, поради која ќе го пропушти Светското првенство и нема да му биде на располагање на актуелниот шампион на Германија во вториот дел од сезоната во Бундеслигата.
Во 42. минута од овој подготвителен натпревар играчите и навивачите на швајцарската селекција останаа без здив кога Зендер падна на теренот, држејќи се за коленото. Уште тогаш имаше сомнежи за тешка повреда. Како што официјално соопшти стручниот штаб на швајцарската репрезентација, најдобриот стрелец на Бундеслигата од претходната сезона ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено. Поради оваа повреда, Зендер ќе отсуствува неколку месеци од ракометните терени, а сериозноста на неговата повреда ја потврдија наодите од магнетната резонанца.
По тешката повреда на скочниот зглоб на Исланѓанецот Омар Инги Магнусон, кој настапува исто така за Магдебург, ова беше уште еден тежок удар за тимот предводен од Бенет Вигерт. Веќе е познато дека првиот централен бек на оваа екипа, Феликс Клар не е на располагање на тимот или долго време поради повреда на Ахиловата тетива.