Се повреди Моралес, крај на сезоната за Кубанецот во Загреб

Кубанецот Јоел Куни Моралес дефинитивно ќе го напушти Загреб по истекот на актуелната сезона, јавуваат хрватските медиуми. Поранешниот вардарец ги освои симпатиите на навивачите и беше одличен во првиот дел од сезоната, но се повреди на натпреварот со Колштад во Лигата на шампионите и ќе мора да замине на операција на коленото. 

Ова значи дека Моралес сигурно ќе го пропушти остатокот од сезоната и нема да може да му помогне на клубот, а следната година ќе настапува за екипата на Татабања. 37-годишниот Кубанец остави одличен впечаток во хрватскиот шампион и беше најдобар тимски стрелец на неколку натпревари. 

Загреб обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, а во последното коло од групната фаза ќе гостува кај германскиот гигант, Кил.