• Зоран Мишевски

Поранешниот ас од златната ера на Вардар, Жоан Кањељас веројатно нема да настапи на Светското првенство во Полска и Шведска. Ветеранот на првиот натпревар на подготвителниот турнир во Бенидорм скина стомачен мускул и прашање е дали ќе биде подготвен за стартот на СП 2023 во Полска и Шведска.
Првиот натпревар Шпанците го играат против Црна Гора во Краков, а нема дилема дека отсуството на многу корисен и искусен играч во двата правци како Кањељас би бил хендикеп за избраниците на Жорди Рибера.
Поранешниот вардарец беше дел од сите успеси на Шпанија под овој селектор, а ја освои и втората европска круна на „црвено-црните“ во Келн.