Се огласи Војводина по прекинатото финале: Уште ова не се случило во Србија! 

Финалната серија во српскиот ракометен шампионат заврши во атмосфера која остави голема дамка врз спортот, откако вториот натпревар меѓу Партизан и Војводина беше прекинат по сериозни инциденти.

По тој повод се огласи домаќинот на натпреварот Војводина, кој во своето соопштение пишува дека уште вакво нешто досега не е видено во српскиот ракомет.

„Уште ова досега не се случило во српскиот ракомет! Навивачите на Партизан двапати го прекинаа натпреварот. Во артилерискиот напад беа повредени играчот на Војводина, Фран Милета, а судијата Марковиќ, со можни повреди на лица во близина на ударот.

Кабелот на заштитната мрежа зад голот каде што беа навивачите на Партизан беше искинат. И по повеќе од еден час прекин, полицијата не го испразни делот со навивачи на Партизан, туку дозволи натпреварот да продолжи.

Делегатите наредија натпреварот да продолжи под непроменети околности во рок од 15 минути. Играчите на Партизан излегоа на теренот, додека играчите на Војводина, поради недостаток на гаранција за безбедност за здравјето и животот на учесниците на спортскиот настан, не излегоа на теренот.

Судиите досудија крај на натпреварот и победа на Партизан со службен резултат. Во моментот на паузата, во 14. минута, Војводина водеше со 6-5“, се вели во обраќањето на клубот од Нови Сад.

Поради целата ситуација, не беше организирана ниту планираната церемонија за доделување на трофејот,