Се наѕира нова титула за Куманово, ЖРК Металург падна во дербито на Суперлигата

Екипата на ЖРК Куманово сигурно чекори кон нова титула во женската ракометна Суперлига на Македонија, откако на денешното големо дерби со ЖРК Металург преку пресврт извојува голема победа од 24-21 и се зацврсти на лидерската позиција на табелата.

  • Комплетниот натпревар меѓу ЖРК Куманово и ЖРК Металург:

Дербито на македонската Женска лига во целост ги оправда очекувањата кај ракометната јавност, затоа што две од трите најквалитетни екипи во лигата одиграа возбудлив и борбен натпревар, крунисан со многу пресврти и заслужена победа на домашните ракометарки.

Дуелот во Куманово стартуваше со нешто подобра игра на гостинките од Автокоманда, кои отворија квалитетно во двата правци и со три гола во серија поведоа со 0-3, а оваа предност ја чуваа речиси во текот на целиот прв дел, па на полувреме се замина со позитива на скопјанки од 9-11. 

Ракометарките на ЖРК Металург и во поголемиот дел од вториот дел го имаше водството при себе, но кон финишот ЖРК Куманово влезе во посакуваната серија и за првпат поведе на овој натпревар 
(21-20). Потоа со одлична игра го сведе овој натпревар во своја корист и извојува заслужена победа од 24-21.

Најпрецизна на натпреварот беше Кипријановска со осум гола, а кај ЖРК Куманово одлични беа уште Боризовска и Џамкиќ со по четири гола, додека во редовите на ЖРК Металург се истакна Арсениевска со шест гола.