„Се надевам Требиње ќе ни донесе среќа, па да се вратиме догодина со нова европска титула“

За време на викендот, македонскиот и европски првак Вардар ќе учествува на турнир во Требиње, БиХ. 

Од таборот на „црвено-црните“ се изненадени и задоволни од условите кои ги нуди ракометниот комплекс. Тимур Дибиров беше дел од најавената прес-конференција на која рече:

„Изненадени сме со комплексот тука, имаме европски услови за тренинг. Екипите на овој турнир се квалитетни и се надевам дека навивачите ќе гледаат интересни натпревари.

Мислам дека овој турнир ќе ни донесе среќа, па ќе се вратиме со нова европска титула наредната сезона. Турнирот е интересен, се надевам дека ќе дојдат многу луѓе од околината и ќе гледаат интересен ракомет“. 

Покрај нашиот шампион, на турнирот учество ќе земат Металопластика од Шабац и Борац од Бања Лука.