ВИДЕО: Се фрлаа и маси - газда на локал бурно ја прослави победата на Вардар

Вардар славје
Gol.mk на ракометен Final Four во Келн

Големиот успех на Вардар ја израдува цела Македонија која по првиот дел не веруваше дека ракометарите ќе направат пресврт и ќе се изборат за големото финале во Лигата на шампионите.

Еуфоријата беше уште поголема бидејќи се анулира -7 против најголемиот фаворит за европската круна Барселона.

Колкава беше радоста кај македонските навивачи може да се погледне на следното видео на кое што еден газда бурно го изразува своето задоволство од остварениот резултат.

Тој во својот локал започна да фрла маси и со рацете во воздух славеше заедно со „црвено-црните“.