Саздовска со официјално деби, Турингер освои трофеј во германскиот Суперкуп

Германскиот шампион Турингер ја оправда фаворитската улога и го освои трофејот во Суперкупот, откако славеше убедливо над Олденбург со 35-23. Победникот беше најавен уште по првиот дел, кога Турингер имаше предност од пет голови, 16-11.

Македонската репрезентативка Јована Саздовска, која имаше настапи за германскиот тим на претсезонските пријателски натпревари, го имаше официјалното деби, кое беше зачинето со вреден трофеј.

Таа постигна еден погодок на овој натпревар, а најефикасни во победничкиот тим беа чешката интернационалка Ивета Лузимова, која постигна дури 11 погодоци, а втор стрелец беше Кристина Тришчук со шест.