• Сашо Поповски

Макеоднската репрезентативка Јована Саздовска ја продолжи соработката со екипата на Дунареа Браила.
27-годишното лево крило се обврза на нов двегодишен договор, што значи дека кариерата ќе ја продолжи во романското првенство.
Солидните настапи во тимот каде што игра од почетокот на оваа година го убедија раководството да ѝ понуди нов договор на Саздовска.
Пред да се пресели во Романија, македонската ракометарка играше за Турингер, а кариерата ја започна во Металург.