• Горан Упале
Македонската ракометна репрезентативка Јована Саздовска е пред нов предизвик во својата кариера, откако се реши да се врати во романскиот ракомет.
По четири години минати во Германија, играјќи за Турнигер, левото крило од следната сезона ќе настапува за тимот на Дунареа Браила, клуб со кој ќе игра во новоформираната Европска лига.
За Саздовска трансферот во Дунареа Браила претставува и враќање во романскиот ракомет, откако пред да се пресели во Германија една сезона настапуваше за тимот на Магура.
26-годишната репрезентативка потекнува од школата на Металург, а во Македонија ги бранеше боите и на Вардар.