Ракометарките на Турингер по двете победи над Бенсхајм и Нелинген, ја забележаа и својата трета победа во Бундеслигата, откако на домашен терен славеа и над некогаш силниот тим на Букстехуде со убедливи 37-21.
Уште по првиот дек тимот на Херберт Милер го реши победникот и поведе со 19-8. а во второто полувреме разликата само се зголемуваше до конечни +16. Македонската репрезентативка Јована Саздовска беше во ростерот на домашниот тим и успеа да постигне еден погодок.
Втората нашата интернационалка во Бундеслигата, Симона Стојковска за првпат беше во ростерот на нејзиниот нов тим Некарсулмер, но загубија на домашен терен од Нелинген со 22-25.