Саздовска и Турингер го освоија Купот на Германија

Македонската репрезентативка Јована Саздовска клупската сезона ја заврши во голем стил. Имено, таа заедно со клупските другарки од Турингер го освоија Купот на Германија во ракомет, откако во финалето беа подобри од Битигхајм со 24-23 (13-12).

Ова е трета титула за Турингер во историјата по одличјата освоени во 2011 и 2013 година. Мецинген го победи Хале Нојштад со 35-22 во натпреварот за третото место. Турингер ќе ја претставува Германија во европските Купови, а по завршувањето на Бундеслигата ќе се знае во кое од натпреварувањата. 

Минатиот месец во Хамбург, машкиот Куп на Германија го освои екипата на Кил.