Саздовска добива друштво во Дунареа, Леонида Гичевска се сели во Романија

Една од најперспективните македонски ракометарки, Леонида Гичевска ќе ја задолжи опремата на Дунареа Браила. 23-годишната ракометарка се сели во Романија по својата авантура во втората француска лига и играњето за Самбре.

Во Дунареа веќе настапува една македонска репрезентативка, крилото Јована Саздовска, a од следната сезона со неа покрај Гичевска ќе игра и Марија Штериова

Гичевска во својата кариера преку ЖРК Вардар, ЖРК Металург и ЖРК Куманово дојде до првиот интернационален предизвик во Франција. Сепак, нејзиниот квалитет не мина незабележан и кариерата ќе ја продолжи тресејќи мрежи за романската екипа. 

„Навистина сум среќна и возбудена да играм за еден од најдобрите романски тимови, Дунареа Браила. Челниците и претседателот вршат одлична работа, градејќи силен тим за следната сезона. Се надевам дека ќе освоиме многу трофеи во Романија, но и Европа. Не можам да дочекам да заиграм за Дунареа“, изјави Гичевска за клупските структури. 

Македонската колонија во Романија ќе стане побројна за Леонида Гичевска. Покрај Саздовска, од репрезентативките во оваа земја играат и Сања Дабевска (ЦСМ Дева), Мариа Штериова, како и Елена Ѓоргиевска (Магура).