Савукинас: Победивме во „супер-финалето“ и заслужено одиме понатаму

Ракометарите на Мотор Запорожје се радуваа среде Битола со 25-27 и го исфрлија Еурофарм Пелистер од групите во Европската лига на ЕХФ. Натпреварот кој директно одлучуваше кој ќе оди понатаму му припадна на украинскиот тим.

По големата победа во „Боро Чурлевски“, на прес-конференцијата своето задоволство го изнесе тренерот Гинтарас Савукинас.

„Победивме во „супер-финалето“ на оваа сезона. Нашиот млад тим учи како да игра вакви натпревари и јас сум горд на сите. Еурофарм Пелистер нè победи во Германија, но во Битола одигравме многу подобро. Покажавме карактер и заслуживме да се најдеме во осминафиналето“, рече на прес-конференцијата Савукинас.

Иако имаа сè во свои раце, пелистерци одново не успеаја да слават пред битолската публика, што е голем пех поради одличната атмосфера на речиси сите натпревари во салата.

Најнови вести од
Европска лига