Савевски: Украина знае што сака, но не криеме дека ни беше посакуван ривал

Македонската женска ракометна репрезентација ја започна „мисијата Украина“. По настапот на последното Европско првенство, на кое нашата земја беше еден од организаторите, македонската ракометна репрезентација од вчера пак е заедно и започна да го подготвуваа бараж-двомечот против Украина.

Пласман на Светското првенство што ќе се одржи кон крајот на годинава, е влогот од овие 120 минути.

„За нас, но и за секоја репрезентација, најтешки натпревари се баражите и квалификациите за настап на големите натпреварувања. Посебно тешко е кога се играат два натпревари, како што сега е случај. Репрезентацијата на Украина е една од попосакуваните противници, но тоа е селекција која во минатото покажуваше резултати за почит. Сепак, последниве години не се присутни на големата сцена. Сепак, се работи селекција која мора да ја почитуваме, во последните квалификации за малку не направија изненадување против Хрватска.

Ни следи противник што знае што сака, кој е доволно искусен да стигне до поволен резултат”, смета Савевски.

Првиот дуел со Украинките нашата репрезентација го игра в сабота од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.