Савевски: Ремито против Шведска е фер-исход од натпреварот

Македонската женска кадетска ракометна репрезентација на Македонија ремизираше против Шведска (20-20) во првиот натпревар од главната групна фаза на Светското првенство во Скопје. 

Избраничките на Савевски останаа непоразени по голот на Дукоска во последната секунда од натпреварот. 

Селекторот Љубомир Савевски по натпреварот кратко изјави:

„Ремито е фер исход на овој натпревар. Ние имавме свои шанси, но Шведска е многу добар тим и тие одиграа многу добро во поголемиот дел од натпреварот“.

Утре е слободен ден за нашите ракометарки и можност да се наполнат акумулаторите пред натпреварите кои значат расплет во борбата за четвртфинале. Од петочниот исход на натпреварот против Исланд ќе се знае нашиот пласман на шампионатот.