Савевски повика 19 ракометарки за двата теста со Норвешка 

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Љубомир Савевски го објави список на повикани ракометарки за собирот во рамки на претстојната ЕХФ недела во месец септември 2022 година.

Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Норвешка.

Првиот натпревар е од затворен тип и ќе се одигра на 29 септември, а вториот е закажан за први октомври со почеток од 16:00 часот. Натпреварот е од отворен тип и влезот ќе биде слободен.

  • Повикани ракометарки:

Собирот е закажан за 26 септември со почеток во 13;00 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Ракометарките се подготвуваат за претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи во Црна Гора, Словенија и Македонија.