• Иван Димовски
Женската репрезентација на Македонија ја очекува бараж двомечот против селекцијата на Украина на патот кон Светското првенство, кое ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска.
Селекторот Љубомир Савевски го одреди тимот со кој ќе ѝ се спротивстави на Украина. Во составот од дваесет ракометарки се десет интернационалки и десет од домашното првенство во Македонија. Во составот недостига Симона Mаџовска која не може да одговори на повикот поради повреда.
- Повикани ракометарки за баражот со Украинките:
Савевски првиот собир ќе го свика v понеделник во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Првиот натпревар се игра на осми април во СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот е три дена подоцна во Кишварда, Украина.