Савевски „отпиша“ пет ракометарки за дуелите во ЕХФ Еврокупот

Откако селекторот Љубомир Савевски пред четири дена објави широк список со 35 ракометарки за настапот на Македонија на ЕХФ Еврокупот, сега од истиот отпаднаа пет имиња. 

На скратениот список, пред стартот на подготовките за настап во новото натпреварување немаше место за Мила Пешиќ од Гутерслох, Марија Јанкуловска од Пелистер, Магдалена Тошевска од Вардар, Милица Николиќ од Металург и Сара Богоеска од Деспина. Останатите 30 ракометарки на обновениот список беа дел и од претходниот избор на селекторот. 

  • Список на повикани ракометарки: 
  1. Матеја Серафимова (Егенбург, Австрија)
  2. Јована Мицевска (Ница, Франција)
  3. Наташа Антиќ (Ѓорче Петров)
  4. Марија Јовановска (Куманово)
  5. Јована Саздовска (Дунареа Браила, Романија)
  6. Ивана Арсениевска (Металург)
  7. Наташа Нолевска (Куманово)
  8. Адела Еленин (Деспина)
  9. Сара Миновска (Вардар)
  10. Сара Ристовска (ЦСКА Москва, Русија)
  11. Теодора Дукоска (Чаир)
  12. Марија Гугуљанова (Металург)
  13. Емилијана Ризоска (Феникс АМС)
  14. Сања Дабевска (Дева, Романија)
  15. Ангела Јанкуловска (Ѓорче Петров)
  16. Бојана Коцева (Вардар)
  17. Симона Стојковска (Звицкау, Германија)
  18. Ана Марија Коларовска (Ѓорче Петров)
  19. Симона Стојановска (Ѓорче Петров)
  20. Ива Младеновска (Металург)
  21. Моника Јанеска (Конијалти, Турција)
  22. Леонида Гичевска (Самбре, Франција)
  23. Елена Ѓорѓијевска (Магура Циснадие, Романија)
  24. Јована Кипријановска (Куманово)
  25. Тамара Ивановска (Куманово)
  26. Александра Коловска (Металург)
  27. Ивана Џатевска (Вардар)
  28. Борјана Коцева (Вардар)
  29. Златица Васевска (Вардар)
  30. Матеа Чурлиновска (Деспина)

Собирот на репрезентацијата е закажан за 30 септември во 12:30 часот. Савевски ќе ги поведе овие 30 ракометарки во процесот на подготовки, но треба да се очекува нов „рез“ на списокот. 

Македонија ќе настапи на новоформираниот ЕХФ Еврокуп, со домаќините на следното Европско првенство. Во оваа ЕХФ недела, избраничките на Савевски ги чекаат два дуели со Црна Гора, на седми октомври во Скопје, а три дена подоцна на гости.