Савехоф одигра моќно прво полувреме и го реши Кокс на отворањето на ЛШ! 

Тимот на Савехоф со победа ја стартуваше новата сезона на Лигата на шампионите, откако на отворањето на елитата на ЕХФ на гости го совлада тимот на Кокс.

Во рамки од групата Ц, во која се натпреварува и македонскиот Еурофарм Работник, шведскиот шампион одигра моќно прво полувреме и уште во првите 30 минути го реши прашањето на победникот. 

На пауза се замина со предност на Савехоф од 13-18, предност која Шваѓаните во ниту еден момент од вториот дел не ја испуштија и заслужено славеа со конечни 25-30. 

Богојевиќ со осум гола од десет обиди беше најпрецизен на мечот, а кај Савехоф се истакна уште Салихи со пет гола. Во поразениот тим Лукјанчук и Семенов постигнаа по шест гола, додека поранешниот член на Металург и Пелистер, Александар Гуглета не успеа да се запише во листата на стрелците. 

Оваа победа на Савехоф е еден вид на најава на она што го очекува македонскиот вицешампион во рамки од второто коло на групата Ц и гостувањето во Шведска

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 СавехофСавехоф 2 2 0 0 55:49 6 4
2 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 1 1 0 0 25:23 2 2
3 СпортингСпортинг 1 1 0 0 30:29 1 2
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 2 0 0 2 53:55 -2 0
5 Татран ПрешовТатран Прешов 1 0 0 1 23:25 -2 0
6 КоксКокс 1 0 0 1 25:30 -5 0