Сара Ристовска со титула се прости од ЦСКА Москва

Македонската репрезентативка Сара Ристовска имаше успешен крај со ЦСКА Москва, затоа што го освои трофејот во рускиот ракометен шампионат.

ЦСКА забележа победа над Ростов Дон (33-31) и така го оствари успехот. Мечот заврши со резултат 25-25, па се играа продолженија за да се дојде до победникот.

Ристовска имаше одличен меч со осум постигнати гола. Од следната сезона македонското крило ќе настапува за екипата на Крим од Словенија, па ова за неа беше последен натпревар во Русија.